Лесно повреден велешанец во сообраќајка на ул: „Димитар Влахов“ во Велес
Шеесет годишниот А.Н е лесно повреден во сообраќајната незгода што денеска, околу 13:15 часот се случи на ул: „Димитар Влахов“ во Велес. Незгодата се случи пред зградата до поранешен хотел „Вила Зора“ помеѓу автомобил и комбе.
На местото на незгодата интервенираше медицинска екипа на Итна помош. Според д-р Жарко Манасков повредениот велешанец го управувал автомобилот.
-Го извлековме возачот од автомобилот и му укажавме медицинска помош. Тој се здобил со отворена рана на десна подколеница и се жалеше на болки во градите. Го мобилизиравме и го пренесовме во велешка болница. Возачот на комбето не се жалеше на повреди, додаде д-р Манасков.
По направените иследувања и медицински прегледи во Хирушки амбуланти на ЈЗУ„Општа болница“ Велес лекарите констатирале дека А.Н се здобил со лесни телесни повреди . Според д-р Елеонора Јованова по неколку часовна опсервација пациентот ќе биде пуштен на домашно лекување.
На местото на незгодата увид направи екипа на СВР Велес. Увидот се очекува да ги утврди причините за незгодата.
Убавка Јаневска