„Леов компани“ излага на „ИСХ 2023“ во Франкфурт, Германија
Производствената програма на бојлери на реномираниот велешки и македонски производител се презентира на штанд на Меѓународниот саем ИСХ во Франкфурт 2023.
По минатогодишното преставување во Милано, Италија, годинава „Леов компани“ одлучи да учествува и да се претстави на овој водечки светски саем.
„По завршување на корона пандемијата се како реномиран производител на македонските бојлери се враќаме на саемските манифестации во Европа и светот. Ова е традиционално претставување веќе шеста година,“ соопштија од Леов компани.
Водечкиот светски саем за HVAC + Water се одржува повторно во Франкфурт на Мајна од 13 до 17 март 2023 година. Презентацијата на учесниците се одржува во изложбени саемски сали. Она што е ново, покрај добро познатото саемско искуство, е тоа што ISH 2023 нуди дигитално проширување.
На локацијата во Франкфурт и во дигиталниот простор: ISH 2023 е надополнет со ISH Digital Extension. Потошно модерна, дополнителна форма на интеракција со клиенти, партнери и новинари како совршен начин да се надополни успехот на саемските излагачи кои имаат можност за лична размена на искуства и изложба на производи на лице место заедно со дигитална презентација и можности за вмрежување за да постигнат максимален дофат. Манифестацијата овозможува поврзување со над 80.000 компании или закажување на деловни состаноци онлајн за време на саемските денови.
Меѓународниот саем „ИСХ Франкфурт 2023“започна на 13 март и ќе остане отворен до 30 април 2023 година.
Убавка Јаневска