Лишен од слобода крадец во Велес
Објавено: 10 март, 2022, во 11:10 часот
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 09:30 часот, го лишиле од слобода дваесет годишниот Л.М од Скопје, со привремен престој во Велес.
-Тој се сомничи дека на 06/07.03.2022 извршил „тешка кражба“ во угостителски објект во Велес, од каде одзел пари, соопшти Ристе Самарџиев, портпаролот на СВР Велес.
Л.М е приведен во полициска станица Велес и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.
Стефани Манева


