Лишен од слобода разбојник којшто нападна жена и сред бел ден и го одзеде паричникот во Велес

Објавено на 11 август, 2023 во 11:56

Разбојникот Ѓ.К (40) од Велес бил фатен и лишен од слобода, вчера, во 13:20 часот по кратко време откако извршил кривично дело „разбојништво“. Осомничениот разбојник истиот ден на ул.„Илинденска“ во Велес физички ја нападнал М.М (76) од Велес, при што ѝ одзел паричник со пари.

Полициски службеници на СВР Велес, Ѓ.К, го привеле во Полициска станица Велес. Одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот.

„По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава, соопшти СВР Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.