Лишена од слобода жена кај „Штипска клучка“, кај неа пронајдена марихуана
Објавено на 1 ноември, 2022 во 12:21
Дваесет и пет годишната Ј.К од Гевгелија, денеска, 1 ноември, на автопатот А1, на местото познато како „Штипска клучка“ во Велес била лишена од слобода. Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека при преглед во нејзиното возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, коешто го управувала како и кај неа во нејзината чанта била пронајдена и одземена марихуана.
Полициски службеници од Мобилна единица за безбедност на патниот сообраќај ја лишеле од слобода иЈ.К била задржана во полициска станица Велес.
Оттаму информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.
Стефани Манева