Лишени од слобода двајца велешани кај кои полицијата пронашла дрога
Објавено на 13 август, 2024 во 10:38
Полициски службеници на Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 14:00 часот, ги лишиле од слобода Х.М.(47) и З.Б.(43), двајцата од Велес.
-При претрес во домот во кој живеел Х.М., извршен со судска наредба, а во кој бил затекнат и З.Б., биле пронајдени и одземени 31 пакување со кафеава прашкаста материја, соопшти Татјана Ѓуровска од СВР Велес
Од таму додаваат дека за настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Дума.мк