Локалните возови на релација Велес – Скопје – Велес нема да сообраќаат 15 дена
Објавено на 23 јуни, 2023 во 12:03
Патничките локални возови, 601 и 2080, коишто сообраќаат на релација од Велес до Скопје и назад, нема да сообраќаат во период од 15 дена. Поточно, нема да сообраќаат започнувајќи од 26 јуни до 10 јули во период од 08:00 до 14:00 часот, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред.
Локалните возови коишто нема да сообраќаат од Скопје за Велес тргнуваат во 09:15 и 13:20 часот додека од Велес за Скопје во 12:10 и 14:25 часот.
Од македонското железничарско претпријатие Инфраструктура информираат дека причината за прекинот е извршување на работни задачи на одржување на пругата со цел зголемување на брзината на движењето на возовите, бидејќи во изминатите неколку месеци возот сообраќаше со брзина од 20км/час.
Стефани Манева