Мајка физички нападнала соученичка на нејзината малолетна ќерка во село Сирково
Објавено: 2 март, 2023, во 12:57 часот
Четириесет и едно годишната Џ.М од село Сирково, Општина Росоман, во училиштето во селото физички нападнала соученичка на нејзината малолетна ќерка. Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека вчера, на 1 март, полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци ја лишеле од слобода.
Жената била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.
Стефани Манева

