Македонски железници: Од пладне ќе се спуштаат рампите на железничките премините во Велес(ВИДЕО)
Неколку денови возовите на железничката пруга Скопје – Гевгелија , која мине низ центарот на Велес, сообраќаат без спуштени рампи. Железничките композиции се движат полека додека машиновозачите постојано ги вклучуваат сирените на локомотивите. Од ЈП „Македонски железници“ – Инфраструктура решението на проблемот на крај бидејќи привршуваат работите на отстранување на дефектот којшто се појавил во близина на Железничка станица Згрополци.
-Се појави оштетување на кабелот од прекумерна количина на вода на Железничка станица Згрополци. Големото количество на вода како последица на обилните дождови не спречи да интервенираме веднаш. Тоа е високонапонски кабел и исто така на тешка траса каде пристап, знаете и сами, нема механизација. Ископот на земја мора да се прави рачно. Тоа вработените на Инфраструктура го работат. Потоа следеше интервенцијата на кабелот. Претпладнево ќе завршат работите и повторно ќе се воспостави нормалното функционирање на механизмот на кревање и на спуштање на рампите, рече Боро Радевски помошник директор на ЈП„Македонски железници“ – Инфраструктура.
Според Радевски денеска од пладне ќе се подигнуваат и спуштаат рампите на сите премини па и на трите во централното градско подрачје во Велес и нема повеќе возовите да минат на подигнати рампи на премините долж пругата Скопје – Гевгелија.
Убавка Јаневска