Малолетничка од населба Чашка се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајка

Објавено на 30 април, 2025 во 10:28

Сообраќајната незгода се случила вчера, доцна попладне, поточно  во 18:05 часот во населба Чашка на крстосницата од улиците .„Илинденска“ со „Коста Рацин“. Во незгодата учествувале патничко возило „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Н.(66) од Велес и електричен тротинет, управуван од малолетничка од Чашка. Малолетничката била пренесена во Општа болница Велес.

Според портпаролот на велешка болница, др Ванчо Граматов по приемот над малолетничката биле извршени прегледи и рентгенолошки снимања.

Резултатите од рентген и снимањата на Компјутерски томограф дадоа резултати според кои малолетничката се здобила со тешка телесна повреда поточно скршеница на десна надлакточна коска на рака. Таа е задржана на болничко лекување. Во текот на ноќта и претпладнево лекарски тим ја надгледува и доколку се потребни ќе бидат направени додатни испитувања пред да се донесе одлука дали ќе продолжи со лекување во ЈЗУ Општа болница Велес или ќе биде препратена на скопска Клиника, додаде др Граматов.

На местото на сообраќајната незгода бил извршен увид од увидна екипа на Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.