Малолетничка со исекотини донесена во велешка болница, случајот евидентиран и во полиција
Осумнаесет годишен штипјанец E.A, вчера, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, бидејќи физички ја нападнал неговата невенчана 17 годишна сопруга. Тој со остар предмет и нанел повреди по телото пришто девојката била пренесена во велешката болница за укажување на лекарска помош.
-Девојката е донесена во Општа болница Велес со повреди и исекотини по телото. По направените прегледи пуштена е на домашно лекување, соопшти Елеонора Јованова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.
Како што информираше портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, немилиот настан се случил околу 16:30 часот на улица „Нада Бутникошарева“ во Велес. По овластување на Јавен обвинител, бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР Велес. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Стефани Манева