Малолетник од Струмица обљубил малолетничка од Кавадарци

Објавено на 15 август, 2024 во 15:01

Обљубата во Одделението за внатрешни работи Кавадарци, вчера, во 17:30 часот ја пријавила мајката на малолетничката. Триесет и пет годишната жена пријавила малолетното девојче било обљубено пред четири дена, во неделата на 11 август годинава во Кавадарци.

-Малолетникот од Струмица, бил во врска со нејзината малолетна ќерка и дека ја извршил обљубата во Кавадарци, соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.

Од таму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.