Малолетник од Велес осомничен за „грабнување“ и во повеќе наврати “силување“ на малолетна скопјанка, додека двајца возрасни за тепање
Објавено на 1 август, 2024 во 16:07
СВР Велес до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против 17-годишник со привремено престојувалиште во Велес поради постоење на основи за сомнение за сторени две кривични дела „грабнување“, казниво по член 141 од Кривичниот законик и за „полов напад и силување“, казниво по член 186 од Кривичниот законик
Кривична пријава заработија и К.Е.(39) и А.Е. (46-годишна), двајцата со привремено место на живеење во Велес, поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“, казниво по член 130 ст.2 од Кривичниот законик.
Полицијата сите тројца ги лишила од слобода и по документирање на случајот, против нив поднесена е кривична пријава.
Убавка Јаневска