Малолетник од велешко село извршил обљуба врз малолетничка со која живеел во вонбрачна заедница, останала бремена
Во Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, бил извршен службен разговор со малолетник од велешко село во присуство на родител. Според пријавеното, малолетникот живеел во вонбрачна заедница со малолетничка од велешко село и извршил обљуба врз неа, по што останала бремена.
Портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, соопшти дека по документирање на наснатон против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава и додаде дека истиот ден бил извршен уште еден службен разговор но во Полициско одделение Чашка за друг случај.
-Во Полициското одделение Чашка бил извршен службен разговор со М.П.(44) од село Мелница, општина Чашка, постапувајќи по претходна пријава од М.У.(43) од истото село дека М.П. му се заканувал, додава Ѓаковска.
По документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк