Марш „Поттикни акција“ се одржа во Велес (видео и фото)

Ученици од четирите велешките средни училишта денеска реализираа Марш за подигнување на свеста во пресрет на Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Со рачно изработени транспаренти коишто содржеа повеќе параки посветени на правата на жените, учениците и професорите, тргнаа од кружен тек кај Авона и чекореа по улица „Благој Ѓорев“ се до влезот на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“. Колоната ја предводеа градоначалникот Марко Колев со членови на Советот на општината и ученици носејќи парола на која пишуваше „Поттикни акција“.
Сите застанаа пред гимназискиот двор каде ученички низ кратки говорења кажуваа свои пораки за женските права.
Крајна цел на маршот беше Младински. Александра Иванова, од Општина Велес ја соопшти главната цел на маршот „Поттикни акција“.
Учениците меѓусебно се дружеа додека се одржуваше музичка програма каде со популарни македонски и светски евергрини настапија велешки средношколки.


Организатор на маршот „Поттикни акција“ беше Општина Велес.
Убавка Јаневска
