Маж се заканувал на малолетно дете во Бузалково, вечерта се степал со друг маж од селото пред селската кафеана
Деветнаесет годишниот Б.Л од Белгија, вчера, на 24 јуни, во 22:50 часот бил лишен од полициски службеници од СВР Велес по претходна пријава од 44 годишната Ф.С од село Бузалково која објаснила дека во близина на продавница во селото Б.Л му се закнувал на нејзиниот малолетен син.
-Б.Л. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот ќе
биде поднесен соодветен поднесок, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.
Денеска, на 25 јуни, полициски службеници извршиле службен разговор со 43 годишниот Џ.С од село Бузалково и 19 годишниот Б.Л од Белгија кои на 24 јуни, два часа по полноќ во село Бузалково пред селската кафеана го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка.
Од СВР Велес информираат дека по документирање на случајот против двајцата мажи ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк