Месноста „Сариер“ крај Велес, сардисана од крадци
Објавено на 25 мај, 2023 во 15:35
Ограбени се сите викендички,соби,гаражи во месноста викана Сариер. Крадци обивале или кршеле влезни врати на објекти во сопственост на велешани и земале се што е повредно. Таму сопствениците на објектите чувале моторни пили,алат за обработка на лозја,колички,казани и друг вид на предмети кои веќе ги немаат.
Пустошот започнал минатата недела и продолжил деновиве. Дел од сопствениците на објектите велат дека вакво нешто до сега не се случило на нивните имоти, претежно засадени со лозја или овоштарници. Дел од нив ги пријавиле кражбите во Секторот за внатрешни работи Велес. И сеуште чекаат да се направи увид.
Месноста Сариер се наоѓа позади ридот Свети Илија, од источната страна на автопатот Велес – Градско.
Убавка Јаневска