Младински центар Велес ги поканува младите велешани да бидат дел од Летна Академија „Правата на младите и како тие се застапуваат со нив?“
Летната Академија „Правата на младите и како тие се застапуваат со нив?“! којашто ја организира Младински центар Велес во соработка со Јуроп хаус треба да започне на 19-ти јули, годинава. Академијата ќе се одвива во пет дела од месец јули до септември и ќе ги опфати најважните аспекти за правата на младите и начините на нивно застапување.
-Како што знаеме, човековите права се темел за правата на младите. На академијата ќе се презентираат основните документи што ги дефинираат правата, слободите и обврските на младите, како и начини на остварување на правата и механизмите за нивна заштита. Младинското учество, активизмот и волонтерството се клучни за активното граѓанство. Преку оваа академија, младите ќе научат како нивниот глас може да биде слушнат и како можат да придонесат за своите заедници. Ќе се разгледуваат и теми за застапување и лобирање како механизми за реализација на правата на младите а и ќе се дискутира како младите можат да се застапуваат за своите права и да учествуваат во процесите на носење одлуки и креирање политики, објаснува младинскиот работник Ивана Јордева.
Сите заинтересирани млади сограѓани можат да се пријават и да бидат дел од оваа обука.
Стефани Манева