„Мото собир“ на велешко езеро на 10 и 11 мај, од 4 до 8 јуни по трет пат „Спортски игри Велес – Дематели Инвест Груп“
Повторно ќе ечи звукот на стотици мотори на традиционалниот мото собир којшто годинава ќе се одржи на 10 и 11 мај на велешко езеро Младост, соопштија вчера од локалната самоуправа. Градоначалникто на општина Велес, Марко Колев, рече дека и оваа година продолжува со поддршка на убави настани во градот.
– Со овој собир, како и со мото дефиле низ градот како неизоставен дел од настанот, организаторите од Мото клубот „Носачи на крстот МК“ уште еднаш ќе ни ја доближат мото културата како начин на живот, додаде Колев.
Исто така, Колев извести и дека неколку седмици подоцна, поточно од 4 до 8 јуни, Велес по трет пат ќе биде домаќин на најмасовниот спортски настан во градот, поточно Спортски игри Велес – Дематели Инвест Груп.
Според градоначалникот Колев, изминатите две години потврдиле дека Велес е спортски град, затоа годинава продолжува со уште посилно темпо.
На најмасовниот спортски настан силите ќе се ги мерат бројни спортисти од Македонија и странство во неколку разни спортови
Стефани Манева