Моторциклист и брачен пар се повредени во две сообраќајни незгоди
Дваесет годишен А.Т од Велес, кој управувал моторцикл марка „Дукати“ со скопски регистарски табклички и шеесет годишениот Д.Р, од Велес, возач на патничко возило „Нисан“ со велешки регистарски табклички, се учесници во првата сообраќајна незгода. Таа се случила вчера, околу 14:30 часот на крстосницата на улица „Димитар Влахов“ и улица „Вера Циривири“.
Втората сообраќајна незгода се случила на регионалениот пат Велес-Штип во близина на Лозово околу 18:00 часот.
-Во првата сообраќајна незгода на одделот за хирургија донесен е пациент на 20 годишна возраст, повреден во сообраќајна несреќа. Пациентот се здобил со површинска повреда на главата и отворена скршеница на надлактица на едната рака. По извршен преглед од страна дежурен лекар препратен е на Ортопедска клиника во Скопје за понатамошен третман. Подоцна, околу 18:00 часот од страна на Итна медицинска помош Велес, на одделот за хирургија донесени се двајца пациенти, маж на 67 годишна возраст и жена на 61 годишна возраст од Прилеп. Во сообраќајна незгода, пациентите се здобиле со лесни телесни повреди . По извршениот преглед од дежурен хирург, на свое барање се пуштени на домашно лекување, рече потпаролката на Општа болница Велес, д-р Елеонора Јованова.
Според Сектор за внатрешни работи Велес, на територијата на секторот евидентирана е првата незгода што се случила во град Велес, додека втората припаѓа на територијата на подрачјето што го покрива СВР Штип.
Стефани Манева