Моторциклист и брачен пар се повредени во две сообраќајни незгоди

Објавено на 14 мај, 2021 во 13:00

Дваесет годишен А.Т од Велес, кој управувал моторцикл марка „Дукати“ со скопски регистарски табклички и шеесет годишениот Д.Р, од Велес,  возач на патничко возило „Нисан“ со велешки регистарски табклички, се учесници во првата сообраќајна незгода. Таа се случила вчера,  околу 14:30 часот на крстосницата на улица „Димитар Влахов“ и улица „Вера Циривири“.  

Втората сообраќајна незгода се случила на регионалениот пат Велес-Штип во близина на Лозово околу 18:00 часот.

-Во првата сообраќајна незгода на одделот за хирургија донесен е пациент  на 20 годишна возраст,  повреден во сообраќајна несреќа. Пациентот  се здобил со површинска повреда на главата и  отворена скршеница на надлактица на едната рака. По извршен преглед од страна  дежурен лекар препратен е на Ортопедска клиника во Скопје за понатамошен третман. Подоцна, околу 18:00 часот од страна на Итна медицинска помош Велес,   на одделот за хирургија донесени се двајца пациенти, маж на 67 годишна возраст  и жена на 61 годишна возраст од Прилеп. Во сообраќајна незгода, пациентите се здобиле со лесни телесни повреди .  По извршениот преглед од дежурен хирург, на свое барање се пуштени на домашно лекување, рече потпаролката на Општа болница Велес, д-р Елеонора Јованова.

Според Сектор за внатрешни работи Велес, на територијата на секторот евидентирана е првата незгода што се случила во град Велес, додека втората припаѓа на територијата на подрачјето што го покрива СВР Штип.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.