На кислородна поддршка половина од ковид пациентите во велешка болница

Објавено на 11 мај, 2021 во 17:45
ЈЗУ Општа болница

Еден ковид пациент повеќе од вчера се лекува во Општа болница Велес. Во двете одделенија, Инфективно и Интерно како и во Модуларна болница вкупно се хоспитализирани 51пациенти. Од нив  38 се потврдено позитивни, тројца се сомнителни  и 10 пациенти се со негативен тест но, задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 24 или половина од вкупниот број на лежечки болни.

Најголем број од болните се лекуваат на Инфективно  одделение 24, во Модуларна болница 20 и на Интерно одделение 7 пациенти.

Денеска од болницата испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.