На летната крводарителска акција во Велес собрани 176 крвни единици
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2022/08/300451682_5505996742772688_7076396816858357082_n-1024x768.jpg)
На традиционалната летна крводарителска акција којашто се реализираше два дена по ред во Ликовен салон, велешани повторно ја покажаа својата хуманост и желба да спасат нечиј човечки живот. На првиот ден од акцијата, поточно неделата, 21 август, биле собрани 116 крвни единици и на вториот ден, 22 август, уште 60 крвни единици.
-Најголем дел од дарителите се повеќекратни, но имаше и 16 крводарители коишто за прв даруваа крв и станаа дел од најголемото хумано семејство. Од вкупниот број, во двата дена од летната крводарителска акција 30 проценти беа жени, соопштија од велешки Црвен крст.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2022/08/300220414_5505996519439377_5110193210988982538_n-1024x768.jpg)
Оваа крводарителска акција заеднички ја реализираа Црвен крст на РСМ Општинска оганизација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, помогнати од Општина Велес и Народен музеј.
За време на дводневната летна крводарителска акција учество земале и 14 волонтери од Црвен крст Велес.
Стефани Манева
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)