На отворениот ден на велешки Црвен Крст презентирани активностите на организацијата
Објавено на 2 септември, 2022 во 12:11
Дваесет и четири волонтери од Клубот на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Велес, вчера, учествуваа во активноста „Отворен ден за граѓаните на Велес“. Тие трета година по ред го одржуваат овој настан на којшто ги промовираат сите активности на организацијата.
Волонтерите за време на отворениот ден ги демонстрираа вежбите по прва помош, за најмладите организираа лотарија со награди и поставија штанд за донација на училишен прибор за деца од семејствата со ниски примања. Донирани се три ранци, комплети за боење, ташнички за моливи и поголем број на тетратки.
Штандот беше поставен на платото пред зградата на театарот „ЈКХ – Џинот“ и го посетија поголем број граѓани.
Стефани Манева