На велешките вакцинални пунктови досега аплицирани 28 илјади дози на вакцини
Заклучно со вчерашниот ден, на вакциналните пунктови во Здравствен дом и во спортската сала на ССОУ„Коле Неделковски“ аплицирани се околу 28 илјади дози на вакцини против Ковид 19. Од нив 16.250 како прва додека 11.750 како втора доза на вакцини. Во последниот период сериозно е зголемен интерсот на граѓаните за вакцинирање.
-Дневно се аплицираат од 550 до 700 вакцини. Утринава до 9 часот се вакцинирани 120 граѓанки и граѓани. На 9 јули и на 5 август вакцинирани се вкупно 52 малолетни деца а потоа сите деца кои доаѓаат во Здравствен дом доаѓаат во придружба на родителите се вакцинираат. Би сакал да ја известам јавноста дека на 17,18 и 19 како и на 30 и 31 август ќе работи вакциналниот пункт во спортска сала „Коле Неделковски“ само за ревакцинација со „АстраЗенека“, рече Градоначалникот Аце Коцевски.
Коцевски соопшти податоци за состојбата со имунизацијата на вработените во Општина Велес и јавните претпријатија под општинска надлежност. Досега од вкупно 875 вакцинирани се 656 вработени додека вакцина не примиле 219 административни службеници. Вакцинирани се и 22 пожарникари а 8 не примиле вакцина . Од вработените во Општина вакцина примиле 61 додека 24 сеуште не се вакцинирани.
Убавка Јаневска