Намален метежот на пунктовите во Здравствен дом Велес, вакцинацијата се одвива двосменски и во домашни услови
За разлика од пред три недели кога граѓаните во поголем број се вакцинираа неделава намален е интересот за примање на прва доза на вакцина против Ковид-19. Сега дневно во просек се вакцинираат од 70 до 100 граѓани. Предходните три недели медицинските работници на Службата за имунизација дневно аплицираа помеѓу 400 и 500 дози на прва вакцина.
Д-р Марина Тодорова рече дека неделава вакцинацијата во Велес се спроведува со вакцините „Синовак“ и „Фајзер“ додека за помладите од 60 години со „АстраЗенека“ за повозрасните граѓани.
-Немаше голем метеж неделава пред двата вакцинални пунктови. Граѓаните коишто доаѓаа ги почитуваа закажаните термини. Имунизацијата се реализираше во две смени. Ќе работиме утре, сабота, во една смена и ќе продолжиме наредната недела со двосменска работа заклучно со сабота 18 септември. Тоа значи дека ќе ги вакцинираме сите веќе пријавени граѓани за прва а ќе одговориме и на потребата од ревакцинација или примање на втора доза вакцина. Од понеделникот до денеска се вакцинирани 350 граѓани. Од нив втора доза примија 250 граѓани, додаде Тодорова.
Медицинските работници континуирано вршат вакцинација и во домашни услови, за болни и немоќни лица.
Во изминатите пет месеци, од април до 31 август, во Велес почетокот на вакцинацијата вкупно 36.566 вакцини. Со прва доза се вакцинирани 20.892 граѓани додека две дози примиле 15.674 граѓани. Освен велешани на вакциналните пунктови во Велес се вакцинираат граѓани коишто живеат во соседните општини Чашка, Градско и Лозово.
Убавка Јаневска