Не се слават само родендени во игротека, во една во Велес се развиваат и креативни детски вештини (видео и фото)
Дваесет честитки, исто толку новогодишни елки како и други пет креативни изработки беа финални производи на 20 деца во Велес создадени за два часа во игротека. Оваа група на дечиња не беше единствена што се одзва на поканата за создавање на креативни детски изработки, споделена преку социјалната мрежа Фејсбук, од страна на двете едукаторки и модераторки во игротеката „Cool kids“, Сања Стојанова и Ратка Толеска. Но групата составена од дечиња остави впечаток дека е посветена, умна, талентирана и расположена за дружба.
Следејки како внимателно ги слушаат инструкциите на едукаторките и особено мотивационите поттикнувања, дечињата, вешто склопуваа хартиени и картонски макети, пластични чаши и ситен декоративен материјал. Уште повешти беа со боиците, фломастерите и украсите. Па и со лижавчиња. Секое помагало беше умно искористено во креативна целина која што е поразлична од претходно искористената. И се се случуваше, неколку дена пред доаѓањето на 2023 година.
Додека звуците на избраната музика, ја исполнуваа просторијата и на свој начин создаваа предновогодишна атмосвера, десетте прстиња на двете детски раце вешто одлепуваа и лепеа украсни детаљи. И штом за момент се почувствуваше дека концентрацијата исчезнува од петте масички на кои седеа по пет деца тогаш тетка Сања ги полнеше чинивчињата со нови новогодишни колачиња додека тетка Ратка ги полнеше чашите со сок.
На некоја минута беше дозволена и играта „Дај кош“.
Креативните изработки како што се новогодишни честитки, украси и декорации на крајот даде и два додадени резултати. Првиот склопени нови другарства и пријателства и вториот меѓусебно поделени новогодишни честитки со интересни детски желби како и пораки.
Убавка Јаневска