Неготинец физички ја нападнал поранешната сопруга, потоа и го одзел мобилниот телефон
Објавено на 6 октомври, 2023 во 11:08
Четириесет и две годишниот З.М од Неготино, се сомничи дека на 4 октомври, годинава, во 20:45 часот, по кратка расправија физички ја нападнал неговата поранешна 37- годишна сопруга во нејзиниот дом по што и го одзел и мобилниот телефон.
Сектор за внатрешни работи Велес соопшти дека полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Неготино, вчера, на 5 октомври, во 08:40 часот го лишеле од слобода неготинецот. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк