По Скопје, акцијата за шверц со училишна нафта и во Неготино ?!
Газдата на бензинските пумпи Алма комерц во Неготино, A.Пецов е уапсен во четвртокот, доцна попладне, во угостителски објект во комплексот Зебра во Скопје.
Вечерта пред неговата семејна куќа и бензиската пумпа во Неготино имаше силно полициско обезбедување. Таму исто така биле присутни и инспектори од УЈП кои правеле инспекција и контрола. Пeцови имаат уште една бензиска пумпа во Кавадарци и трета на автопатот кон Гевгелија, на неколку километри пред градот.
Фирмата Алма Комерц, досега, редовно се пријавувала и добивала дел од општинските тендери за снабдување со нафта за греење во училиштата и градинките во Неготино. Кога на почетокот на оваа година, поточно во месец февруари, без нафта остана неготинската гимназија тогаш за првпат се дозна дека Алма комерц не успеала навреме да ја набави потребната количина. Со две илјади евра веднаш интервенираше општина Неготино и беше набавена нафта за ова средно училиште. Потоа, фирмата на семејството Пецови продолжила да ги добива тендерите за набавка на нафта за сите училишта и градинки во Неготино.
Според првичните информации за злоупотреби направени при набавка на нафта за потребите од греење на училиштата полицијата ќе апси и во Велес. Акцијата започна во Скопје каде на неколку локации низ градот беа приведени повеќе лица во кои полицијата се сомнева дека вршеле незаконска набавка на нафта. Полициската истрагата била спроведувана подолго време од страна на одделот за организиран криминал.