Извозот е зголемен но, сепак за да биде виното бренд потребна е поголема промоција!
Во споредба со 2011 година, за 25% е зголемен извозот на македонско вино на странските пазари. Од продажбата винариите заработија 55,2 милиони евра.
Виното го извезовме по повисока цена,соопштија винариите.
Ова неодамна го потврди и министерот за земјоделство Љупчо Димовски при последната посета на Тиквешкиот регион кога рече дека тоа е резултат на учество на светските саемски манифестации каде се претставува македонското вино пред купувачи од Кина, Русија и Германија.
Според експертите ова е добро ,но ако 80 проценти од произведеното вино во Македонија се извезува во цистерни тогаш треба да се работи на оваа проблематика за да се зголемат и финансиските резултати.
Винариите со став дека секоја година се зголемува квотата за извоз на флаширано вино за сметка на наливно вино, но и дека тие не можат да ја исполнат квотата што ја нуди ЕУ.
Излезот треба да се бара во изнаоѓање на нови пазари на кои досега немало македонско вино, но и да се задржат постоечките каде одличноодела продажбата. За поголем извоз на флашираното вино бараат повеќе средства за промовирање на производите.
Извршниот директор на винарската визба „Тиквеш“, Игор Илиевски вели дека извезуваат 70 отсто од производството за чиј пласман пак основен предуслов е производство на квалитетно грозје.
-„ Константно обезбедуваме квалитет што е единствен предуслов за освојување нови пазари и за зајакнување на позициите на постојните. Тоа е нашиот приоритет.“
Директорот на винаријата „Повардарие“ од Неготино, Ванчо Кузманов смета дека секој добар пласман треба да биде покриен со добра реклама за што се неопходни големи финансиски средства.
Според Ѓорѓи Бебеџаков од винарската визба „Аневски“ од Штип, Македонија се уште во светот е препознатлива како производител на налевно вино.
-„Има обиди за промоција на флаширано вино,но сепак не се доволно големи. Еве на пример во Германија и Чешка имаат погони во кои се полни македонско вино зашто по се изгледа така им е поевтино. Како и да е на етикетите пишува дека земјата на производство е Република Македонија. Треба да бидеме и реални,ако ние како земја годишно имаме производство од 150 милиони литри вино тогаш не можеме да очекуваме дека целокупната количина ќе биде извезена во шишиња“,рече Бебеџаков.
Во државата,пак само минатата година девизниот прилив од извозот на вино бил околу 45 милиони евра.
Според податоците, околу 120 милиони винско грозје влегло во винариите, а 15 милиони килограми биле извезени.
Статистиката покажува дека најмногу македонско вино се извезува во европските земји и тоа околу 50 отсто од вкупните количини, додека 25 отсто завршуваат во Србија и 17 отсто на пазарот во Хрватска.
Б.Н.Т