Осмооделенка од Неготино освои второ место на натпревар по информатика!
Ученичката Сара Јованоска од ООУ Гоце Делчев Неготино од 8а одделение под менторство на наставничката по информатика Татјана Јандреска Симонова освои второ место на Републичкиот натпревар по информатика за ученици од осмо одделение.
Натпреварувањето го организира Петта приватна гимназија, со што Јованоска се стекна со стипендија за цело време од школувањето во гимназијата.
Изработената презентација се вреднувала според неколку критериуми и тоа, креативност, оригиналност, дизајн, користење на различни елементи и функционалност.
Натпреварот беше под покровителство на Првиот Приватен Универзитет ФОН – Факултет за информатика, а се однесуваше за избор на најдобра мултимедијална презентација, на тема: “Компјутерот како алатка за учење”. Беа опфатени две фази: – Испраќање на пријавата и изработената презентација и Презентирање на најдобро изработените проекти.
Со цел да се здобијат со стипендија на оваа реномирана гимназија имаше пријавено ученици од речиси сите градови во државата кои конкурираа на овој натпревар. Од пријавените 72 ученика со мултимедијални презентации, беа издвоени 17 ученици со најдобри изработки кои беа накнадно повикани да презентираат и да се натпреваруваат за првите три места. / Б.Н.Т
