Апостолов вети гасификација на Неготино!

Објавено на 6 март, 2013 во 20:50

ВМРО-ДПМНЕ вечерва на предизборен митинг го претстави кандидатот за градоначалник на Неготино, Ванчо Апостолов.

Тој најави дека ќе работи за развој на индустриските зони „Црвени Брегови” и „Дуброво”, но и за влез на нови инвестиции и отварање на нови работни места.

“Ќе се залагам за гасификација на општина Неготино преку гасоводниот систем Клечовце- Штип,ТЕЦ Неготино,подобрување на водоснабдувањето на територијата на целата општина Неготино и програмата што ја нудиме содржи конкретни проекти,конкретни буџетски средства и конкретни рокови во периодот кој е пред нас борбата за инвестиции и економското заживување многу повеќе ќе се води на локално ниво затоа ќе ја искористиме централната геостратешка положба на општина Неготино“,рече Апостолов.

Најави и нов паркинг простор во центарот на градот,паркови,изградба и реконструкција на патишта како и реконструкција на градскиот стадион./ Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.