СДСМ: “Ќе го вратиме некогашниот сјај на Неготино“!
На Неготино му требале промени и затоа било време СДСМ да го предводи, луѓето живееле во сиромаштија, имало голема невработеност,страв и притисок од власта, а младите заминувале во странство, рече кандидатот на здружената опозиција “Сојуз за иднината“, Силвана Филипова, на митингот во Неготино и праша што му се случува и каде е некогашниот сјај.
“Нашиот град може да биде модерен, со европска перспектива, во кој ќе се создаваат семејства и кариера и мирно живеење,затоа сите заедно на 24 март треба да одлучиме заедно.Секој ден ќе носи нови предизвици и нови решенија и свесна сум за одговорноста спремна сум да се соочам со таа задача,со програма која е моја и на мојот тим за решавање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните“, рече Филипова.
Според Филопова овие избори не смееле да бидат натпревар на лаги и нереални ветувања, туку натпревар на идеи и концепти.
“Еден од главните приоритети ни е решавање на проблемот со водоснабдувањето за решавање на овој проблем веќе има проект и изготвена финансиска конструкција. Затоа вечерва од оваа говорница можам да ветам дека рестрикциите на вода за пиење ќе бидат минато. Ќе го спроведеме проектот за гасификација на општина Неготино како проект на СДСМ со кој ќе обезбеди евтин енергенс за граѓанскиот и приватниот сектор“,рече кандидатот за градоначалник на СДСМ и најави подобрување на условите за инвестирање во Неготино и отворање на нови работни места. Б.Н.Т