Од идната недела почнува санацијата на мостот на Вардар кај Неготино!
Стручни лица заедно со директорот на Агенцијата за патишта Љупчо Георгиевски беа во посета денес на мостот на реката Вардар во близина на село Пепелиште ,неготинско на регионалниот пат Неготино Штип, кој е затворен за секаков вид сообраќај поради оштетување.
„Дојдовме заедно со три фирми за градежништво кои пројавија интерес да се вклучат во градежните активности. Согласно заложбите на Владата и напатствијата кои ги имаме добиено како Јавно претпријатие за државни патишта моравме под итино да реагираме и да најдеме средства за да се санира мостот. Како прво значи беа потребни финансии за техничко решение кое го изработи Градежниот факултет и веднаш потоа ги доставивме официјалните понуди до три поголеми градежни фирми кои се занимаваат со ваква дејност“, рече Георгиевски.
Со цел да дадат и пореални понуди денес на лице место беа дојдени претставниците на фирмите за да ја видат фактичката состојба.
„До средината на наредната седмица очекуваме фимите д ги достават понудите и веднаш потоа штом се создадат услови, значи идната недела, да ја започнеме санацијата на мостот односно столбните места кои се најмногу оштетени.Ќе почнеме од средината на мостот од столбното место број 6 кое е најкритично и очекуваме според упатствата добиени од Градежниот факултет веднаш потоа мостот да влезе во употреба но само за лесни возила додека за камионите се уште ќе биде забранет за употреба,“ рече Георгиевски.
Потоа додека по мостот ќе се одвива сообраќај на коли и ќе може да се пешачи, ќе продолжи работата на санација на другите 4 столбни места кои исто така се опасни како и коритото односно брегот на реката од страната на селото Пепелиште./Б.Н.Т