Земјоделците почнаа да садат компири!
Се сади компир во неготинско. Земјоделците веќе една недела се во нивите и максимално го користат периодот од 15 април до 15 мај за садење на пролетниот компир бидејки овој вид се користи за исхрана во текот на целата година или за преработки.
Тој е и најисплатлив, велат земјоделците, кои од година во година се помалку садат компир во лето. Негата на компирот игра значајна улога за успешно производство а садењето се врши рачно со мотика или во бразди и машински.
ОД ПЕ на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство во Неготино велат дека засега не можат да кажат колку компир ќе биде засеан во Повардарието бидејки точни бројки ке имаат откако земјоделските производители ќе ги пријават субвенциите.
Сепак информациите од последните години говорат дека не е голем бројот на производители ниту се големи површините на кои се сади компир.
Инаку,од владината финансиска поддршка на раститeлното производство, за минимум засеани 0,2 хектара со градинарски култури, производителите на компир ќе добијат по 23 илјади денари.
Рокот за поднесување барања за субвенции за градинарско производство на отворено, во оранжерии и во пластеници е до 20 јуни./Б.Н.Т
