Празничен музички подарок од неготинскиот бенд „Bongas & Guitares″: Уживајте со музика !

Објавено на 5 јануари, 2021 во 14:09

 DSC6664 1

05.01.2021

Неготинскиот бенд „Bongas & Guitares″ составен од млади музичари од Неготино, побуди убави празнични емоции со маестралната преработка на „Виолина и Гитара″, нумера која е во оригинална изведба на дуото Дуле и Коки. Целиот музички проект е реализиран во соработка со новата младинска, аудио-визуелна продукција „Dropkick Dope Entertainment″, која исто така ја сочинуваат млади и талентирани ентузијасти од Неготино.

Видеото е снимено во простории на неготинската винарија „Lazar Winery″.

– Целта ни е со музика да внесeме хармонија и топлина во домовите, а со видеото да доловиме дел од празничната еуфорија, која и во овие вонредни услови не смее да изостане. Да бидеме здрави и живи, а 2021 нека биде година на радост и среќа ! – порачуваат од бендот.

 „Bongas & Guitares″ заедно со „Dropkick Dope Entertainment″, веќе работат и најавуваат нови изненадувања за публиката, за кои, повеќе детали ќе откријат наскоро.

И покрај сите искушенија, празниците се секогаш момент за опуштање со најблиските, а музиката е најдобар лек за душата, затоа уживајте !

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.