Сензорна соба за поддршка на учениците со попреченост во ООУ „Страшо Пинџур“- Неготино
01.02.2021
Започна уредувањето на сензорна соба која ќе биде наменета за поддршка на учениците со попреченост во ООУ „Страшо Пинџур“ во Неготино.
Според Законот за основно образование, во училиште каде што има посебни паралелки, се формира центар за поддршка на учењето на учениците со попреченост. За таа цел, во ООУ„Страшо Пинџур“ во тек е отворање и опремување на сензорна соба која ќе се намени за соодветна поддршка на учениците со попреченост и која ќе биде опремена со материјали, средства и помагала од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“.
Исто така, покрај сензорната соба, учениците со попреченост добиваат и адаптирани санитарни јазли прилагодени на нивните потреби. Сензорната соба е лоцирана во приземниот дел на училиштето во Неготино со цел за полесен пристап за сите ученици со попреченост до истата.
Со отворањето на оваа сензорна соба и професионалноста што наставниците ја поседуваат за работа со оваа катергорија ученици, ќе дојде до значително подобрување на нивната инклузивност во реализацијата на редовниот образовен процес, потенцира директорот на училиштето Сашо Ѓорѓиев.
Мите Јаначков
