Денес со „Литературно читање″, во Неготино ќе се одбележи „Меѓународниот ден на мајчиниот јазик″

Објавено на 22 февруари, 2021 во 09:37

majcinjazik1

22.02.2021

Во чест на „Меѓународниот ден на мајчиниот јазик″ , денес, на 22.02.2021 година (понеделник) со почеток од 15:00 час. во фоајето на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе се организира „Литературно читање″.

На оваа кратка, но значајна манифестација учество ќе земат ученици од СОУ „Св. Кирил и Методиј“ Неготино, под раководство на професорката Маја Којчева Величкова.

Од Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ –  Неготино, додаваат дека овој настан ќе се одржи по сите протоколи за заштита од пандемијата.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.