Киднапирање и опожарено возило во Неготино

Објавено на 4 март, 2021 во 16:04

negotino

04.03.2021

Неготинецот С.В. (36)  во Полициската станица – Неготино пријавил дека на 03.03.2021 околу 20.00 часот, З.Ј. (32) од Кавадарци и уште две непознати лица со употреба на сила го однеле во угостителски објект во с.Глишиќ, кавадаречко, каде З.Ј. физички го нападнал и му се заканувал со остар предмет со цел расчистување на долг кон него. Се работи на расчистување на случајот.

Утрово во 04.25 часот во Полициската станица Неготино, пак било пријавено дека на ул„Станко Ф.Пипан“ во Неготино настанал пожар во патничко моторно возило „опел астра“ сопственост на Г.Г. од Неготино. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Неготино, а повредени лица нема. Увид бил извршен од страна на полициски службеници од ОВР – Неготино, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР – Велес.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.