Пратеникот Пенков со локална пратеничка канцеларија за граѓаните

Објавено на 19 март, 2021 во 14:08

zlatko penkov

19.03.2021

Денес, во просториите на објектот „Желкова куќа״ во Неготино, беше отворена локална пратеничка канцеларија наменета за комуникација, прием и средби на граѓаните со пратеникот Златко Пенков кој доаѓа од редовите на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ.

При отворањето на канцеларијата, Пенков ги повика сите граѓани на општините Неготино и Демир Капија, како и граѓаните од тиквешкиот регион, бизнис секторот и невладините организации да предлагаат свои идеи, да истакнуваат предлози, но и да упатуваат критики, со крајна цел подобар и подостоинствен живот за секој поединец.

Основна функција на оваа пратеничка канцеларија е достапноста на народниот пратеник до граѓаните, кои тој ги претставува. Должност, обврска и чест за секој пратеник е да се биде секогаш со народот, и кога треба да се реши одреден проблем, како и кога постои идеја, која ќе може да придонесе за општото добро и подобрување на квалитетот на живеењето, изјави Пенков.

Канцеларијата за граѓаните ќе работи секој работен ден од 10:00 до 15:00 часот, а секој кој би сакал да се сретне со пратеникот Златко Пенков, тоа ќе може да го направи во петок, како приемен ден.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.