„Никогаш да не се повтори загуба на млади животи“ порачаа учениците на ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ Велес ( видео и фото)
Објавено на 18 март, 2025 во 17:39

Средношколската ученичка заедница на Државното средно училиште „Коле Неделковски“ денеска во училишниот двор организираше настан на којшто учениците од ова велешко училиште оддадоа почит на жртвите во пожарот во кочанскиот ноќен бар „Пулс“.
Ним на едночасовниот настан им се придружија наставниците и вработените. По едноминутниот молк сите ученици запалија свеќи што ги купил директорот Горан Богоевски додека дел од учениците лично си набавиле бели балони.

„Никогаш да не се повтори прерано загубен млад живот“ гласеше генералната порака на присутните на овој настан во училишниот двор
Дума.мк
