Ноќеска во Велес наврнаа 12 литри дожд на метар квадратен

Објавено на 16 мај, 2025 во 13:17

Велес ноќеска измери 12 литри дожд на метар квадратен, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Најмногу врнежи се регистрирани на Попова Шапка со 27 l/m², по што следуваат Крушево и Пожаране со по 26 l/m², Маврови Анови со 22, а Тетово со 20 l/m².

Во Скопје на двете мерни станици – Петровец и Зајчев Рид – наврнале по 18 l/m², исто колку и во Пожар и Радовиш. Во Лазарополе, Претор и Гевгелија паднале по 13 l/m², додека во Берово, Куманово и повторно Велес – по 12 l/m². Крива Паланка и Прилеп регистрирале по 11 l/m², а Битола, Виница и Струмица по 10. Во Охрид и Штип наврнале по 9 l/m², во Кавадарци 7, а најмалку дожд имало во Демир Капија со 6 l/m².

Од УХМР најавуваат дека денеска времето ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат обилни, а до крајот на денот се очекува да наврнат повеќе од 30 литри на метар квадратен. Кон крајот на денот, на повисоките планини во северозападниот дел од земјата, дождот може да премине во слаб снег.

Претпладне ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, додека попладне и во текот на ноќта, долж Повардарието се очекува повремено засилен северен ветер со брзина над 60 km/h.

Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 11 до 15 степени Целзиусови.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.