Обука по прва помош за вработените во СОУ „Гимназија – Кочо Рацин“ Велес
Триесет и четири вработени во средното општинско училиште „Гимназија – Кочо Рацин“ беа дел од обука по прва помош којашто ја реализирал Црвен крст – Велес. Професорите ги освежиле своите знаења за основните постапки при пружање на прва помош во различни ситуации.
-Обуката ја одржа Др. Владо Хаџи Наумов, волонтер на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Велес со над 40 годишно искуство на полето на првата помош. Наставниците се избрани како целна група за обука по прва помош бидејки тие секојдневно работат со млади лица, одговорни се за нив при студиски патувања, екскурзии и останати активности надвот од училиштето, затоа е потребно тие да бидат добро обучени по прва помош бидејки не ретко се случува да има потреба од интервенција при повреда, велат од велешки Црвен крст.
Оваа обука е дел од кампањата „Првата помош спасува живот“.
Стефани Манева