Од 27 до 30 декември новогодишен хепенинг во Младински парк во Велес
Објавено на 15 декември, 2023 во 11:08
Градоначалникот на Општина Велес Марко Колев, преку својата фејсбук страница ги информира граѓаните дека од 27 до 30 декември ќе се одржи новогодишен хепенинг во Младински парк под мотото „Празнично е да си дома – дома е Велес“.
-Неколкудневна забава за сите генерации за комплетна новогодишна магија и празнична атмосфера, пропратена со новогодишен базар, музика и многу изненадувања!, опишува градоначалникот Колев.
Исто така, тој додава дека повеќе детали околу новогодишниот хепенинг и целосната програма се очекува да бидат објавени наскоро.
Дума.мк