Од денеска отворено и Интерно одделение во велешка болница за прием на ковид пациенти

Објавено на 26 август, 2021 во 12:36

Во Општа болница Велес бројот на хоспитализрани пациенти е 43, од нив 33 се потврдени позитивни на коронавирусот, шест пациенти се сомнителни и четворица се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

-Во моментов на Инфективно одделение се лекуваат 36 ковид пациенти и од денеска повторно се отвора Интерно одделение на кое во моментов се лекуваат седум пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница, Д-р Елеонора Јованова.

На кислородна поддршка се 14 ковид пациенти.

Од болничко лекување испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.