Одбележани 82 години од смртта на Коле Неделковски

Објавено на 1 септември, 2023 во 13:46

Со пригодна програма и читање на дел од стиховите на Неделковски од неговите познати стихозбирки „Пеш по светот“ и „Молскавици“, денеска, се одбележаа 82 години од смртта на македонскиот поет и револуционер Коле Неделковски.

Во дворот на средното стручно општинско училиште коешто го носи неговото име, делегации на Општина Велес и на јавни институции положија цвеќе пред спомен бистата поставена во дворот на училиштето и му оддадоа почит.

Инаку, Коле Неделковски е роден во велешкото село Војница и во негова чест, 80 годишнината од неговата смрт беше одбележана и во неговото родно место.

Неделковски е еден од најистакнатите револуционерни македонски поети помеѓу двете светски војни. Тој претставува романтичар со бескрајна љубов кон својот народ и кон неговата борба за слобода и правда.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.