Одбележани две децении од смртта на Оливер Китановски
По повод загинувањето на младото момче од Башино Село во воениот конфликт кај скопско Арачиново, денеска, на спомен бистата во родното Башино Село, претставници на Општина Велес положија свежо цвеќе и оддадоа почит на македонскиот бранител.
Оливер Китановски загина како припадник на единицата за специјални задачи „Тигар“ што го бранеше Скопје во конфликтот во 2001 година. Китановски беше погоден од огнострелно оружје додека извршуваше службени задачи. По неколку дневна борба за надминување на здобиените тешки повреди тој за жал им подлегна на прострелните рани.
Оливер Китановски постхумно е одликуван со Медал за храброст, во негова чест во родното Башино Село е подигнат биста и неговото име го носи една улица во Башино Село и една улица во Велес.
Стефани Манева