Одекна бригадирското„ОРУК“, акцијашите ветерани засадија 2 илјади багреми на велешко езеро „Младост“(фото и видео)
Над стотина поранешни бригадири а сега ветерани од граѓанските здруженија во Велес, во Скопје, од Штип, од Битола, од Куманово, од Крива Паланка и за прв пат од Гостивар како и претставници на ротаријански здруженија, на Црвен Крст и други граѓански здруженија денеска за два часа насадија 2 илјади багреми на опожарениот дел од брегот на езеро „Младост“.
Акцијашите се построија во бригада којашто ја предводеа знаменосците додека останатите со лопати и ашови ги следеа. И одекна прво бригадирскиот поздрав „З- д- р-а-в-о! здраво, здраво, здраво“ за потоа на следниот „ОРУК“ веќе да тргнат кон парцелата за садење.
Претседателот на Управниот одбор на ЗГ„Акцијаш ветерани“, Јосиф Манев заедно со Претседателот на Сојузот на здруженија на акцијаши ветерани на Македонија Борче Георгиевски први ги земаа садниците во раце откако кратко им се обратија на присутните велејќи:
По традиционалното забивање во земја на сите бригадирски знамиња акцијата за засадување на багреми започна.
Во акцијата учество зема и градоначалникот на Велес, Марко Колев кој рече:
По акцијашката маренда што ја обезбеди Сојузот на здруженија на акцијаши ветерани на Македонија акцијата заврши. Акцијашите гости и домаќините од Велес останаа уште некое време на езерскиот брег споделувајќи свои спомени од учествата на акциите ширум поранешна Југославија и одбележувањето на најголемиот акцијашки празник 1 Април, Ден на доброволната младинска работа. Исто така договараа нови акции за што поголем број на засадени дрвја со кои ќе му се врати автентичноста на езерскиот брег и преубавото излетничко велешко место.
Еве како изгледаше денешното засадување на садници на велешко езеро „Младост“ снимена со дрон од Димитар Андонов, активист на Младински центар Велес.
Убавка Јаневска