Одредени нови 22 локации на коишто ќе се постават подземни контејнери во Велес

Објавено на 17 септември, 2021 во 15:48

По поставените први 11 Советот на Општина Велес донесе одлука за поставување на уште 22 подземни контејнери во градот.

За нивното поставување ќе се подготвува техничка документација додека готова е за три подземни контејнери што треба да се постават на улица „8 Септември“, на улица „Алексо Демниевски“ и на улица „Благој Ѓорев“. Овие три локации се дел од претходната одлука на Советот.

Исто така, ЈКП „Дервен“ ќе набави уште две нови возила со зафатнина од 4 м³,за собирање на цврст комунален отпад од потесните улици на градот, во вредност од седум милиони денари.

По поставувањето на подземните контејнери значително се  подобри сликата со управувањето со отпадот и јавната чистота на локациите. Позитивни се првичните рекации на јавноста по што општина ќе продолжи да работи на подобрување на условите за собирање на отпадот од јавните површини и домаќинствата, оцени градоначалникот Коцевски.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.