Ограбена жена на Железен мост во Велес и тепачка во неготинско Криволак

Објавено на 28 декември, 2021 во 17:29
Фото: Архива на Дума.мк

Непознати крадци ја нападнале четириесет и шест годишната велешанка Н.М, вчера, околу 15:00 часот, на Железен мост. Ја тепале додека и ја одзеле чантата. Жената останала без новчаник и лични документи. Таа веднаш по нападот пријавила во Полициска станица Велес.

 – Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти Верољуб Додевки портпарол на СВР Велес.

Во денешниот билтен на полицијата, исто така, евидентирана е и една физичка пресметка во село Криволак, неготинско. Таа се случила вчера околу 13:30 часот. Деветнаесет годишниот А.Ќ од село Криволак во Полициска станица Неготино пријавил дека по вербална расправија со врсникот М.С настанала и физичка пресметка.

Полицијата информира дека го расчистува овој случај по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.